8.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

ДАЛИ ДЕЛТА СОЈОТ МОЖЕ ДА НИ ГО УПРОПАСТИ ОВА ЛЕТО ?

Австрискиот вирусолог Норберт Новотни вели дека овој вид не се придржува кон сезонскиот ефект, па затоа е поотпорен на топлина и 60 проценти повеќе заразен.

  • Овој вирус може делумно да го уништи нашето лето, рече тој, предупредувајќи дека има премалку податоци за новиот вид.

Тој изрази страв дека бројот на непознати случаи на инфекција е релативно голем и подвлече дека овој вид веќе се шири низ цела Европа.

Најдобрата стратегија во борбата против новиот вид е брза вакцинација, смета Новотни, додавајќи дека постојат јасни индикации дека се заштитени целосно имунизираните лица.

Проблемот е што сè уште има толку многу луѓе кои не се целосно имунизирани – рече тој, додавајќи дека треба да се прават повеќе PCR тестови, бидејќи тие се попрецизни од антигенските тестови.

Тој исто така ја повика австриската влада уште еднаш да размисли за најава за ново ослободување на мерките, што ќе овозможи одржување на поголеми митинзи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести