1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Ова е најморничавото место во светот

Иако однадвор изгледа како обична црква, овој објект внатре крие страшна тајна!
Малата капела лоцирана покрај прекрасната Римокатоличка црква на сите светци на гробиштата на периферијата на градот Кутна Хора во централна Бохемија е сè друго освен обична.

Позната и како „Црква на черепот“, оваа необична градба е украсена со остатоци од 40 000 до 70 000 луѓе кои починале во средниот век.

Скелетите на луѓето кои ќе станат бизарна декорација на оваа црква се земени од локалните гробишта, распарчени и лишени од меките ткива. Коските потоа се обелувале, а па се ределе за да се формираат разни предмети во објектот – грбови, свеќници, огромни лустери, распетија…

251955_crkvalobanja3_ff
251963_crkvalobanja5_ff-1-990x660

Потекло
Локалните гробишта во Кутна Хора веројатно немаше да се разликуваат од стотици други во чешките земји да не бил одреден монах Хенри, кој бил испратен во Светата земја во 1278 година.

Легендата вели дека кога се вратил од Ерусалим, тој со себе донел малку земја од Голгота – местото каде што бил распнат Исус Христос, и ја расфрлал на гробиштата. Не помина долго и луѓето од цела Централна Европа сакаа да бидат погребани токму таму.

За време на големата епидемија на чума во 1318 година и по хуситските војни во 15 век, гробиштата биле преполни. Решението се нашло во изградбата на црква и капела што би служела како масовна гробница за одамна мртвите чии коски почнале да се движат таму, за да се создадат нови гробни места.

Работата на украсување му била доделена на столарот Франтишек Ринт, кој ги распоредил коските во пирамиди, свеќници, голем грб и бројни други форми.

Не е познато што го натерало да го „украси“ местото на овој начин, а дали резултатот е пофасцинантен или страшен, проценете сами.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести