Кралското семејство ќе постави статуа во палатата Кенсингтон на 1 јули во чест на принцезата Дијана. Статуата ќе ја краси „Потопената градина“ што ѝ беше омилено место на имотот.
Имено, ако принцезата Дијана не загинеше во сообраќајна несреќа, таа ќе наполеше 60 години на 1 јули оваа година. По тој повод ќе се собере англиското кралско семејство, а статуата заедно ќе ја откријат принцовите Хари и Вилијам.
„Radar on line“ претходно објави дека Меган Маркл ќе присуствува на овој настан, но сепак, последните информации го тврдат спротивното, имајќи предвид дека извор на „Daily Mirror“, близок до Хари и Меган, потврди дека принцезата сепак нема да дојде.
- Меган не планира да патува. Таа неодамна се породи и овој пат Хари ќе патува сам – изјави близок извор за „Daily Mirror“.
