3.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ПРОГЛАСЕНА СОСТОЈБА НА ВИСОКА ГОТОВНОСТ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун претседаваше со состанокот на Централната воена комисија и повика на зајакнување на воената моќ и најави нова пресвртница во работата на секторот за одбрана, пренесува денес Ројтерс. Вчерашниот состанок на воениот врв прогласи состојба на готовност поради нестабилната состојба на Корејскиот полуостров, но не беа соопштени повеќе детали за планираните воени активности, пренесува Ројтерс повикувајќи се на државната агенција КЦНА.

Според извештајот, Ким се занимавал со организациски прашања, отпуштања, трансфери и нови назначувања на некои високи офицери, а биле разгледани и важни задачи со цел да се направи нов пресврт во целокупната работа на националниот одбранбен сектор.

Пленарниот состанок на Централниот комитет на владејачката Лабуристичка партија на Северна Кореја е закажан за подоцна во јуни.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести