Појавата на таканаречената „крвава“ или „црвена“ Месечина, поради нејзината црвена рефлексија, беше искористена од фотографите ширум светот за снимање заедно со зачудувачки пејзажи и познати знаменитости.



Вчерашното појавување на „црвената“ Месечина обично се случува за време на затемнувањето, кога Земјата е директно помеѓу Месечината и Сонцето и кога ја крие Месечината од сончевите зраци.


Вчерашната Супер Месечина, една од трите годинава, беше најголемата супер Месечина оваа година, бидејќи беше и најблиску до Земјата.


Супер Месечината беше делумно видлива каде и да беше ноќ во тоа време.


Жителите на делови од Азија и Австралија, САД и Јужна Америка можеа најмногу да уживаат во сцената.
