Шпанска студија за комбинирање на вакцини против covid-19 откри дека давањето доза „Pfizer“ на луѓе кои веќе ја примиле првата доза на „AstraZeneca“ е исклучително безбедно и ефикасно, објавија денес истражувачите.
Таканаречената студија „Combivacs“, предводена од шпанскиот државен здравствен институт Карлос III, покажа дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле вакцина „Pfizer“ е меѓу 30 и 40 пати поголем отколку во контролната група на луѓе кои примале само една доза на „AstraZeneca“, известува Ројтерс.
Меѓу 600-те учесници во студијата, забележани се само неколку сериозни несакани ефекти, велат авторите на студијата.
