„Friends“ се враќа на платформата „HBO Max“ на 27 мај. Можеме ли да бидеме повозбудени, а забавно беше вчера и на Instagram со Џнифер Анистон. За помалку од 24 часа, видеото кое се најавуваше „Friends Reunion“ имаше скоро седумнаесет и пол милиони прегледи, а објавата им се допадна на повеќе од пет милиони луѓе. Трејлерот ја следи насловната тема на серијата „I’ll Be There For You“.
Погледнето го видеото ТУКА.
Освен Џенифер, познатата Рејчел Грин, ќе има и други херои од најпопуларниот ситком во историјата на телевизијата: Дејвид Швимер (Рос), Лиза Кудроу (Фиби), Кортни Кокс (Моника), Метју Пери (Чендлер) и Мет Лебланк (Џои). Ке се огигра на оригиналната сцена „Stage 24“ во студиото „Warner Bros“.
Бидејќи се појавија безброј холивудски sвезди во десет сезони, снимени меѓу 1994 и 2004 година, од Бред Пит и Џулија Робертс до Брук Шилдс и Жан-Клод ван Дам, и ова специјално шоу ќе има специјални гости. На списокот се најдоа Дејвид Бекам, Лејди Гага, Синди Крафорд, Џастин Бибер, Џејмс Корден, Кара Делевин, Кит Харингтон, Том Селек, Рис Витерспун …

Поради фактот што во последниве години, шармантните „Пријатели“ беа откриени од некои помлади генерации, авторите најавија продолжение пред две години, но тогаш короната изби и ги уништи плановите. Како што дознава „Variety“, секој од главните актери ќе добие по два и пол милиони долари за појавување во овој специјал.
