-4.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

СИНДРОМОТ ХАВАНА РЕГИСТРИРАН ВО АМЕРИКА

Досега се регистрирани повеќе од 130 необјасниви инциденти поврзани со повреда на мозок познат како Хавански синдром меѓу американски дипломати, разузнавачки агенти и членови на Министерството за одбрана, а некои од нив се случија во последните неколку недели.

Според „Guardian“, а пишува “New York Times“, се наведува дека тројца офицери на ЦИА добиле сериозни симптоми од декември, откако биле на задачи во странство, па затоа морале да се пријават во воената болница во Вашингтон.

Бројот на пријавени случаи е 70 поголем од првично објавениот.

Претставник на поранешни функционери погодени од синдромот Хавана, Марк Заид, рече дека со него контактирале некои други службеници кои сметаат дека имаат симптоми на овој мистериозен феномен.

  • Бројките дефинитивно растат, додаде Заид.

Американските официјални лица потврдија дека се појавуваат нови случаи кои детално се анализираат, а истовремено предупредуваат дека некои луѓе можеби ги реинтерпретирале симптомите што ги имале порано и дека бројот на нови случаи не може да го одразува бројот на нови инциденти.

Во декември, Националната академија на науките објави извештај во кој се наведува дека оштетувањето на мозокот претрпено од американски официјални лица во Куба и Кина е најверојатно резултат на некаква форма на насочена енергија, односно енергетски напад.

Шерил Рофер, поранешна хемичарка во Националната лабораторија Лос Аламос, ги доведе во прашање заклучоците од студијата и тврдењата на жртвите и некои експерти дека зад оштетувањето на мозокот стои некаков вид микробранова оружје развиено од непријателите.

  • Доказите за ефектите предизвикани од микробрановите, кои се нарекуваат Хавански синдром, се многу слаби. Ниту еден од поддржувачите на оваа идеја не објасни како навистина функционира оружјето. Нема докази дека такво оружје е развиено никаде во светот. тврдењата бараат јасни објаснувања. но досега никој не понудил ништо што би го потврдило постоењето на мистериозното оружје, рече Рофер.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести