Европската комисија се подготвува да покрене тужба против „AstraZeneca„, објави европски „Politico“, цитирајќи пет неименувани дипломати на Европската унија.
На состанокот на амбасадорите во средата, повеќето земји-членки на ЕУ изјавија дека ќе ја поддржат тужбата против компанијата во врска со поплаките дека не доставила договорена доза на вакцини за коронавирус до Европската унија, пренесува Ројтерс.
Целта на тужбата е да се принуди „AstraZeneca„ да ги обезбеди дозите предвидени во договорот со ЕУ, се додава во информацијата што ја цитира неименуваниот дипломат.
