Актерката Даринка Дара Чалениќ почина ноќеска во 87 година после долга и тешка болест, соопштија од Кино Театар.
Чалениќ која на театарските сцени има одиграно повеќе од 40 главни улоги, сите ја памтиме по улогата на Дара во култниот филм „Жикина династија“ и по нејзината реплика „Љуби га мајка“. Дара беше дел и од “Поп Ќиро и поп Спиро“.
Даринка Чалениќ во 2006 години ја освои наградата „Стеријно позорје“, а во 1975 година беше наградена од „Авала филм“ за најдобра дебитантска улога во “Поп Ќиро и поп Спиро“.
Погребот на Дара Чалениќ ќе се одржи во Нови Сад, во кругот на најблиското семејство.
