Лицата кои се заболени од Ковид-19 по издаденото решение за изолација мораат да го спроведат тоа и не смеат да излегуваат и престојуваат меѓу други луѓе кои, во најголем дел, не ни знаат дека имаат контакти со заразено лице.
Ова најчесто се почитува но, има примери кои покажуваат дека зарзазените од Ковид 19 свесно не ги почитуваат мерките и изложуваат други лица на животна опасност. За тоа се предвидени казни.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(51) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“.
Пријавениот Р.А. постапил спротивно на издадено решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за домашна изолација.
