Ѕвездата на филмовите за возрасни, Алета Оушн (33), по потекло од Унгарија, не престанува да ја интригира јавноста со своите провокативни фотографии на социјалните мрежи.
Алета има скоро четири милиони следбеници на својот Instagram, а нејзините провокативни слики бројат неколку илјади лајкови и коментари.

Патем, покрај атрибутите, таа често се фали и со луксузот во кој ужива. Исто така, таа често објавува слики на кои позира во брзи автомобили, па дури и со змии.

Родена е како Дора Варга, а кариерата ја започна како модел. По модните ревии каде ја забележаа бројни агенти, Дора, сега Алета, се пријави на изборот за Мис, каде ја освои титулата Мис туризам кога имаше 19 години.

Следната година, таа позираше за машки списанија, а потоа го сними и својот прв порно филм. Досега има снимено над 200 филмови за возрасни.
