-4.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

НАУНОВСКИ: “Лингурите” на Мицкоски креираат хистерија бидејќи за месец дена ќе бидат разрешени (видео)

Во вчерашната „Само Вистина“ на Канал 5 дебатираа професорот Тони Науновски и Агим Јонуз.

„Ние сме далеку од самата идеја за ЕУ. Ваква масовна хистерија немаше и по Менгеле по 40-тите, 50-тите години од минатиот век“, изјави политичкиот аналитичар Тони Науновски за емисијата „Само вистина“, коментирајќи ја целата оваа ситуацијата со појавувањето на поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков.

Според него, постои нешто што се вика правна држава и основни човекови слободи и права.

„Никој не е виновен се додека не е докажано дека е виновен пред надлежните органи. Ме загрижува оваа масовна хистерија како македонското општество се претвора во толпа со лимитирно искористување на рационалните капацитети. Особено е видливо што сета хајка ја водеа некои медиуми и личности во сеуште постојното раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тие сакаа да падне крв и ги притискаа институциите на системот“, вели Науновски.

Забележливо е дека луѓето околу Мицкоски, и негови блиски новинари и медиуми кои се под нивна контрола, тие ја правеа хајката, се виде и на пресот дека таа хистерична атмосфера ја креираа познати медиумски “лингури” на Мицкоски. – додава професорот Науновски.

Истите тие до пред неколку години се сликаа до Сашо Мијалков, насмеани, го викаа “Војводо”, а сега за да си ги спасат своите партиски фотелји го оцрнуваат. Тоа е лошо за демократијата, но е јасно од кои причини е таква состојбата бидејќи останува месец дена до вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој веројатно ова раководство ќе биде сменето. – рече Науновски.

Подоцна Професорот Науновски се осврна и на состојбите внатре во ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека ова раководство нема никаков идеолошки модел кој што е ВМРО.

Мицкоски и луѓето околу него прават се за да си ги зачуваат фотелјите и тие неколку милиони евра кои што им следуваат годишно. Веќе станува јасно за сите, иако мене лично ми стана јасно уште после првата прес-конференција уште во 2017, човекот кој што сеуште се претставува за лидер на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и никаква идеолшка приврзаност со ВМРО. Македонскиот народ препозна дека ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е способно да ја раководи државата и затоа константно губи на избори. Сега е крајно време да се соочат со фактот дека направија страшен раскол во партијата. – кажа Науновски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести