4.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ се подбиваат и потсмеваат со конфузниот Мицкоски

Јовица Страшевски, поранешен директор на Агенцијата за безбедност во железничкиот сообраќај, а сегашен адвокат на Миле Јанакиески, Тони Трајковски и други партиски функционери на социјалните мрежи за мајтапеше со конфузните настапи на претседателот христијан Мицкоски.
„Да не беше трагично, ќе беше смешно !!! Шпицниов кандидат има ново парламентарно мнозинство а бара техничка влада. Зошто му е потребна техничка влада ако има мнозинство сам да формира влада ???? Нејасно, чудно, но од него очекувано. Мицко или имаш мнозинство и правиш влада или ја молиш СДСМ за купи ден продај да останеш и одработиш уште некој ден на штета на државата, народот и на ВМРО-ДПМНЕ ???? За твоја сметка, за туѓи интереси“ напиша Страшевски.

Токму вчера на прес конференција, Мицкоски побара од Заев формирање на експертска влада.
„Спасовски ќе остане запаметен како најенергичниот бранител на криминалот на чие чело е Заев. Но неговата оставка не е доволна. Уште поважно потребна е оставка на целата Влада веднаш. Формирање на експертска Влада која ќе има задача да го стопира слободниот пад на државата, и заедно со локалните да организира и парламентарни избори.“ изјави Мицкоски.
Само 5 дена претходно, на ТВ Алфа партиски функционери инстуирани од Мицкоски брифирале дека тој не само што обезбедил мнозинство од 61 пратеник, туку сега работел на обезбедување на стабилно мнозинство.
„Се подготвува ново стабилно парламентарно мнозинство кое ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално најголемата опозициска партија веќе има на располагање доволен број пратеници за превласт во парламентот односно 61, но во тек се преговори со уште неколку народни избраници. За мнозинството да биде поголемо за уште четворица и во ниту еден момент да не се доведе во прашање неговото опстојување и функционирањето на законодавниот дом.“ објави Алфа.

Повеќето партиски членови со сериозност ги гледаат ваквите манипулации на Мицкоски и изразуваат загриженост за неговото здравје. Во разговор ни рекоа дека не им е јасно зошто Мицкоски не ја урне владата доколку навистина има мнозинство, па после покомотно да разговара за стабилизирање на власта. Тие се загрижени дека Мицкоски е можно дури и да почнал да верува во ваквите небулози и водењето на партијата да е оставено на некој кој има проблем со реалноста.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести