8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Водителка на популарен квиз останала во неверување откако натпреварувач после изгубените поени почнал да фрла сè околу себе (ВИДЕО)

Учесник на исландската телевизиска шоу програма „Gettu Betur“, што во превод значи „Погоди подобро“ по изгубените поени се вознемирил и почнал да фрла се околу себе.

Програмата била во живо, па водителката останала затечена, но и сите во студиото. Иако се обидела да се совземе, неколку моменти подоцна побарала од режијата да пушти реклами.

Во квизот инаку се натпреварувале два тима ученици од средно училиште и од факултет, но никој не помислил дека еден од нив би можел вака да реагира на точен одговор на противничката екипа.

Ова дивеење во студио станало хит на социјалните мрежи, а на снимката се гледа како натпреварувачот прво фрла чаша вода, потоа го крши пултот, а на крајот го напушта студиото

https://www.youtube.com/watch?v=1mPRGBWMzPE&ab_channel=loxins

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести