6.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

КОНЕВСКИ: ДА ДАДЕМЕ МОЖНОСТ ЦЕЛОТО ЧЛЕНСТВО ДА ГО ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Веќе имаме собрано две третини од делегатите кои треба да ја изгласаат довербата или недовербата на актуелниот претседател. Јас сум сигурен дека овој Конгрес ќе биде успешен. Интересот е огромен да се променат состојбите во нашата партија. Имаме неколку последователни изборни порази, така што неопходна е една поширока дебата, да се разговара пред тие луѓе кои му дадоа доверба на Мицкоски и потребата да се има одговорност е на највисоко ниво во секоја демократска партија, изјави Ивица Коневски, во „Утрински брифинг“.

– Ние се имаме консултирано со голем број на правници и луѓе кои ја работат оваа тематика и врз база на тоа сметаме дека сме на вистинска патека во една правно-регуларна процедура да го организираме Конгресот кој е највисок орган во партијата и врз база на тоа гласањето на делегатите има најсилно дејство. Многу работи во самиот Статут не се пропишани и се предмет на толкување. Но, ние не сме суд, доколку стасаме до ваква работа, сигурни сме дека правно и регуларно ја водиме целата процедура, вели Коневски.

Поранешниот градоначалник на Аеродром за сабота најави промоција на слоганот за Конгресот.

– Се надевам дека потоа ќе се пријават повеќе кандидати за претседателската функција. Најсреќен ќе бидам доколку избереме претседател на партијата за кој ќе гласа целото членство, вели Коневски.

Кај нас секогаш постои желба да најдеме заеднички јазик и Мицкоски да учестува на тој Конгрес. Нас целта ни е партијата да биде обединета и од овој конгрес да излезе обединување на целото членство. Оттаму и постои кај нас желбата Мицкоски да присуствува на тој Конгрес. На крајот на краиштата може на тој Конгрес да го смениме статутот да дадеме можност целото членство да гласа за претседател на партија, тој подоцна нека се кандидира за претседател. Значи спремни сме за компромис, но не сме спремни да допуштиме партијата да ја води на начин како што ја води до сега – на недемократски начин со обвинувања за сите оние кои бараат негова одговорност, додава Коневски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести