1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Мицкоски јa избриша “Македонија” и “македонски” од партискиот статут, а сега лицемерно ги критикува институциите

“Евтин популизам и хипокризија на Мицкоски” е главната критика на социјалните мрежи за последното менување на ставовите и однесувањето на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој денес на твитер сподели објава од одлуката на Министерството за правда, преку која сакаше да добие политички поени и да се претстави како загрижен патриот, но многу брзо доби одговор.

Профилот Бумбарот му реплицираше дека реакцијата е евтин популизам и хипокризија, бидејќи прв кој ги избришал термините „Македонија“, „македонско“ и „македонски“ е токму Мицкоски кога го донел новиот партиски Статут.

На прашање зошто партијата го избришала терминот „Македонија“, претстдателот на Патриотскиот институт, Александар Пандов во минатото одговараше дека тоа можеби е така избегнато за да се завери на суд, затоа што Статутот е подлежен на институционална заверка.

Логично се поставува прашањето, зошто сега исплашениот Мицкоски реагира и глуми патриот, пишувајќи дека „Македонија за нас е свето име…“, а во Јули минатата година тие први ја испочитувале оваа одлука на Министерството за правда, бришејќи го терминот „Македонија“ од сопствен партиски документ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести