1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Мицкоски го губи тлото под нозете! Негови поддржувачи јавно се закануваат по новинари кои пишуваат за вонредниот конгрес!

„Копито комуњаско, да ти ја е… женати. Крвта твоја комуњарска. Ти се ближи крајот Ток Тик Ток Тик“.
„Превише време трошиш на Мицкоски. Дај си малку одмор, троши ги парите што ти ги дава батко ти Мијалков. ВМРО ќе дојде на власт, народот се прашува, а не ти ситна душичке“.
„Ни мијале не те спасува гнасо една“.
„Васко сите Граници на некултура и хoштaплерски однoс према ВМРO ДПМНЕ ги пoминa. Незнам на кoјa страна си нo времетo се врти.!“
Ова се само дел од заканите кои приврзаниците на Мицкоски утринава му ги упатуваат на новинарот Васко Ефтов, поранешен директор на ТВ Алфа на неговата фан страна „Во Центар“ на Фејсбук.
Новинарските здружениј засега молчат, а молчи и ВМРО-ДПМНЕ без никаква осуда или обид да го запрат линчот на оние кои го бранат Мицкоски и го оправдуваат неговиот обид да не им даде отчет на делегатите кои го избрале за претседател.

Приврзаниците на Мицкоски се гневни затоа што Ефтов во текстот под наслов „За кого бијат камбаните во ВМРО ДПМНЕ: Или како делегатите кои го избраа Мицкоски за лидер сега станаа луѓе на Заев?“ укажува на нелогичните тези со кои Мицкоски одбива да даде отчет пред делегатите кои го избрале во Валандово.

„Навистина во политиката нема логика, но во конкретниот случај има нула логика. Ако партијата расчистува со делегатите кои го избрале Мицкоски за прв човек на партијата тогаш зошто да не расчисти со претседателот кој е избран од тие делегати!?“ се прашува Ефтов коментирајќи ги вчерашните изјави по завршената седница на Централниот комитет со кои се најави прочистување на партијата од сите делегати кои сега бараат отчет од Мицкоски.

„Или како вели Претседателот на Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ, Александар Пандов: Вонредниот Конгрес бил приватна забава на одпадниците од ВМРО. По таа логика и овие делегати кои ќе одат на Вонредниот конгрес се отпадници од ВМРО ДПМНЕ. И по таа логика, отпадниците од ВМРО ДПМНЕ, го избрале Мицкоски, во декември 2017 година во Валандово, за претседател на партијата, а на тој Конгрес Пандов присуствуваше како поканет гостин.“ заклучува Ефтов.

Ефтов во продолжение ја анализира и изјавата на пратеникот Милошоски дека иницијативата за Вонреден Конгрес е политичка иницијатива на група луѓе кои имаат за цел да му помогнат на Зоран Заев и да му фрлат гума за спасување. По таа логика, според Ефтов, овие делегати кои би оделе на Вонредниот Конгрес, на 28 март оваа година, и би гласале недоверба на Мицкоски ќе му фрлат гума за спасување на Заев.

„Значи тоа се делегати кои работат за Заев, а не за ВМРО ДПМНЕ!? Тие исти делегати во 2017 година биле делегати на Заев или на ВМРО ДПМНЕ? Бидејќи се тоа истите делегати. По таа логика ако се делегати на Заев, тогаш, за да му помогнат на Заев, го избрале Мицкоски за прв човек на партијата на Конгресот во Валандово. Патем речено, по тој конгрес Мицкоски ги изгуби изборите во Ново Село, во Охрид, претседателските избори, парламентарните избори и ги бојкотираше изборите во Штип. Што ќе рече дека овие делагати можеби и го избрале Мицкоски да биде лидер на партијата за да му помогнат на Заев. Тогаш зошто да го менуваат од лидер на партијата човекот кој пет пати губи од Заев за да му помогнат на Заев? Логично е, за да му помогнат на Заев, да го остават Мицкоски на чело на партијата!?, заклучува Ефтов.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести