Долгонајавуваната катарза во ВМРО-ДПМНЕ од страна на се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски се чини дека членовите на партијата конечно ја почуствуваа.
Причината за тоа не е никаква изјава од Мицкоски, ниту пак најава за негова нова активност или нова политика, туку одлуката на Иницијативниот одбор да го закаже најавуваниот Вонреден Конгрес за 28 март.
Време е да сопре пропаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, се вели во соопштението на Иницијативата, информирајќи дека после неколку месеци интензивна работа, успеале да обезбедат поддршка и потребниот број на потписи за свикување и одржување на Вонредниот Конгрес.
Од реакциите на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи може да се види дека се случува вистинска катарза и се враќа надеж дека ќе се случат промени во партијата кои ке ја вратат на победничките патеки.
Ви пренесуваме дел од реакциите на социјалните мрежи:




