9.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

За влез во Грција е потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, па следи 7 дена домашен карантин

Освен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 22 февруари ќе пристигнат во Грција на  кој билоначин и од  која билоземја, задолжителен е и седумдневен домашен карантин, согласно министерската одлука од надлежните министерства и одлуките на Агенцијата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина.

Доколку посетителите престојуваат во Грција помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сè до нивното заминување.

Одлуката ги вклучува и земјите од Европската Унија, а паралелно, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар (Passenger Locator Form) за патување во Грција.

За сите патници од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно задолжителен рапид тест по пристигнувањето, а по истекот на седумдневниот карантин, потребно ќе биде да направат ПЦР тест.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести