2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Холивудскиот актер Арми Хамер обвинет е за садизам и канибализам

Агенцијата WME, која ги претставува најголемите светски sвезди, ги прекина врските со актерот Арми Хамер поради контроверзи околу него во последно време.

Тој веќе изгуби улоги во неколку проекти во кои требаше да глуми. Една од нив е „Shotgun Wedding“, каде што Џенифер Лопез требаше да му прави друштво, но студиото „Lionsgate“ исто така го откажа тоа, пренесува порталот „Deadline“.

Да потсетиме, неодамна на социјалните мрежи се појавија приказни за Хамер, кои во најмала рака се вознемирувачки. Пораките што тој наводно ги испратил, во кои тој ги изразува своите сексуални фантазии кои вклучуваат садизам и канибализам, кружат на Twitter веќе еден месец.

  • Јас сум сто проценти канибал. Сакам да те јадам, гласи една од пораките. Во друга размена, тој рече: „Морам да ја испијам твојата крв“ и „Ќе бидам многу непослушен со тебе“.

Набргу по објавувањето на овие пораки, топката почна да се „одмотува“, па многу странски медиуми напишаа дека гледајќи го неговиот официјален профил на Twitter, може да се види дека тој со години следи содржина на BDSM на оваа социјална мрежа.

Хамер проговори за наводите, велејќи дека се лаги.

  • Не одговарам на овие срања, но во светло на злобните и лажни напади врз мене, не можам со чиста совест сега да ги оставам моите деца 4 месеци за да снимам филм во Доминиканската Република, рече sвезда на социјалните мрежа во интервју за TMZ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести