Денес во Аргентина беше воведена одлука со која се воведе еднократен данок за најбогатите луѓе со цел да и се помогне на државата да плати за медицински средства и да обезбеди олеснување за компаниите кои се борат поради ковид-19
Аргентинците со имот над 2,3 милиони долари, а се проценува дека ги има 12 000, ќе треба да платат сума од околу три проценти на имотот пријавен во земјата и над пет проценти на имотот што го имаат во странство, пренесува Би-Би-Си .
Владата се надева дека на овој начин ќе собере околу 3 милијарди долари, а парите ќе помогнат и за финансирање на стипендии и социјална помош.
Аргентинскиот сенат ја донесе одлуката за еднократен данок, наречен „данок на милионер“, во декември со 42 гласа „за“ и 26 „против“ како дел од мерките во пандемијата „ковид-19“, а опозицијата ја критикуваше мерката од страна на Аргентинските власти, оценувајќи го како „конфискација“.
