Технологијата достигна неверојатни нивоа, а тоа се докажува секој ден со нови откритија. Сингапур, кој е познат по иновативните идеи, го претстави првиот автобус без возач кој ќе биде дел од јавниот превоз во земјата.
Според известувањата од компанијата која го произведе автобусот, тој ја содржи најновата технологија, редовен и целосно ефикасен. Од таму ги повикуваат и другите земји да размислат за нивниот производ.
И покрај технологијата во автобусите, зад воланот сè уште стои возач за да ја преземе контролата доколку е потребно и доколку мора рачно да го управува автобусот по дел од маршрутата.
Кор Јинг Киан, 23-годишен студент кој се возеше со автобусот за да стигне на разговор за стипендија во средата, рече дека патувањето, кое траело околу 10 минути, било „удобно и лесно“.
Возењето кошта само о,20 долари.
