-5.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Ако сакате мирен сон, овие работи веднаш отстранете ги од спалната

Ако не се сеќавате кога последен пат сте спиеле мирно и безгрижно, многу е веројатно дека имате лош Фенг Шуи во спалната соба.

Оваа просторија треба да биде вашето место за обновување на енергијата и одмор, па затоа е многу важно добро да ја организирате.

За добар сон, многу е важно да ја ослободите спалната соба од следниве работи:

Премногу зеленило

Иако е погодно да имате едно до две растенија во спалната соба, бидејќи тие ќе го прочистат воздухот и ќе ви овозможат подобар сон, сепак треба да ги знаете границите и да не претерувате. Билките припаѓаат на елементот дрво, што значи дека ако почувствуваат некаква експанзивна енергија, тие можат да ви пречат во спиењето. Најдоброто решение е да имате до две растенија во спалната соба.

Бучава и лош мирис

Нема да имате мирен сон ако вашата соба е погласна од самиот центар на градот, а уште помалку ќе се опуштите се чувствува некоја непријатна арома. За да го решите првиот проблем, инвестирајте во подобра изолација, додека за мирисот, доволно е да запалите ароматична свеќа пред да одите во кревет, и сè ќе биде добро.

Минимализам

Нашата околина во голема мера влијае на тоа како се чувствуваме. Затоа, можно е ако имате чувство на мачнина или осаменост за време на спиењето, декорацијата има врска со тоа. Вазна без цвеќиња, кујнски стол во аголот од собата и слични бесмислени работи што се наоѓаат во вашата спална соба, треба да се исфрлат што е можно побргу!

Премногу работи под креветот

Иако просторот под креветот е одлично место за складирање на непотребни работи, тој може да испушти и многу лоша енергија. Размислете за сè што е под вашиот кревет. Дали навистина ви треба сето тоа? Обично има многу работи што никогаш не ги користиме и кои не знаеме каде да ги ставиме.

Најдоброто решение во овој случај е да ги донирате или да ги подарите. Ќе видите дека ова чувство на ослободување е бесценето!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести