Актерката Тања Робертс почина на 66-годишна возраст. На нашата публика ѝ е позната по улогата во продолжението на филмовите за Џејмс Бонд, кога го играше Роџер Мур „A View to a Kill“.

Тања синоќа се вратила дома откако ги шетала своите кучиња, а по некое време се онесвестила. Таа веднаш била хоспитализирана, но лекарите не можеле да ѝ помогнат. Причината за смртта е сè уште непозната, но потврдено е дека не станува збор за корона вирус.

Таа се појави во многу смешни серии и филмови од седумдесеттите и осумдесеттите, а можеби е најпозната по улогата во серијата „Среќни седумдесетти“. Таа исто така глумеше во познатата серија „Ангелите на Чарли“.

Таа беше во брак со Бери Робертс од 1974 година до 2006 година, кога тој почина, и тие немаа деца.
