Мажот кој со години собирал магазини и филмови за возрасни, решил да си ги тужи родителите откако му ја фрлиле колекцијата, која според него, вредела мало богатство.
Давид Векинг (42) од Мичиген решил после разводот привремено да се врати кај родителите, што за неговата колекција за возрасни било погубно. Имено, родителите немале слух за неговиот колекционерски дух, па се фрлиле. Шокиран од фактот ги тужел, па ги добил на суд заради што сега треба да добие отштета. Како што рекол колекцијата вредела околу 25 000 долари.
Иако родителите на суд рекле дека побарале од него да не ја носи колекцијата во нивниот дом, судот сметал дека ниту како родители ниту како станодавци немале право да чепкаат нешто што им припаѓало на нивниот син.
Според Би-би-си, тој кај родителите живеел девет месеци во текот на 2017 година, за потоа да се пресели во Индијана. Ставот на родителите дека не сакаат ништо со неговото „колекционерско богатство“ бил ист и за време на селидбата во друг град, па не сакале ниту да му помогнат со селењето на неговите работи, но ниту да ги чуваат во својот дом.
