1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

НАЈМАЛКУ ТРЕТИНА АЛБАНЦИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД АЛБАНИЈА

Албанците масовно се иселуваат од Албанија, имаат повеќе мотиви за таа одлука но, најчесто тоа се случува од економски причини. Фактот дека низ Европа и САД живета многу Албанци им оди во прилог затоа што новите иселеници често имаат помош во снаоѓањето во странство токму од своите блиски и сограѓаните од Албанија.

Државниот Институт за статистика во Албанија потврдува дека вкупниот број албански граѓани кои живеат во странство изнесува околу 1,7 милиони. Само лани земјата ја напуштиле 47.000 нивни граѓани со што албанската дијаспора се зголемила за 2,6 отсто само за една година

„Со економската криза од 2008 година, либерализацјата на визниот режим со земјите членки на ЕУ во 2011 година и недостигот на економски просперитет, новиот бран емиграција силно се врати во 2015 година, кога околу 69.000 Албанци побараа азил во земјите-членки на ЕУ“, пренесува Топ чанел телевизија.

Во претходното истражување за емиграцијата, ИНСТАТ објави дека во периодот 2011 – 2019 година Албанија ја напуштиле повеќе од 360.000, при што главната причина е од економска природа.

Меѓународната миграција има силно влјание во промената на популацијата во последните две децении. Додава дека главната причина за падот на бројот на населението во последните два пописа беше големата емиграција на албанските граѓани.

Заклучок е дека по паѓањето на комуинистичкиот режим во Албанија од таа држава за неполни три децении се ислелите околу една третина од жителите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести