1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ПЕНТАГОН: Руски ловци „небезбедно и непрофесионално“ пресретнаа американски бомбардер Б-52 над Црно Море

Руските воени сили дејствуваа „небезбедно и непрофесионално“ при пресретнување на американскиот бомбардер Б-52Х над Црното Море, се вели во синоќешното соопштение на Командата на САД во Европа и Африка.

Се истакнува дека за време на блискиот контакт, руските пилоти летале небезбедно и непрофесионално, неколкупати пресекувајќи ја траекторијата налетот на растојание од околу 100 фита од носовиот дел на Б-52 на една височина и при користење на млазно догорување на константа висина, со што се предизвикале турбуленции и ограничување на маневарските способности на Б-52.

Се вели дека ваквите акции се непотребни, ги зголемуваат ризиците од судир во воздух и не се соодветни со доброто воздушно мајсторство и меѓународните воздухопловни норми.

Министерството за одбрана на Русија вчера соопшти за пресретнување на американскиот стратешки бомбардер Б-52Х на воено воздушните сили на САД. Според министерството, руската армија го забележала американскиот авион на 28 август како летал над неутралните води на Балтичкото море (според Американците, инцидентот се случил над Црното Море). И дека за негова идентификација полетале два ловци Су-27 од дежурниот состав на балтичката флота за противвоздушна одбрана.

Пентагон објави видео од инцидентот од кое се гледа блискиот контакт на Су-27 со американскиот авион.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести