2.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Конфузија во ВМРО-ДПМНЕ ! Партијата и Мицкоски со различен став по однос на членувањето во ЕЕЗ

„Имавме плодна и квалитетна дебата. Во првиот дел, сите учесници на средбата ги афирмираа ставовите дека остануваме посветени на евроатлантската интеграција на РМ, члеството во НАТО – Алијансата и се разбира, работењето понатаму за добивање датум за почнување на преговорите со ЕУ. Тука не постоеше дилема на никој од учесниците и мислам дека друга алтернатива за РМ и не постои и мислам дека тоа им беше кажано на новинарите од страна на претседателот на државата“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 20 Октомври 2019 година, по лидерската средба кај Претседателот Стево Пендаровски во врска со недоделувањето покана и потенцијалната замена со членство во ЕЕА.

За разлика од Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со одлуките на Пендаровски. Одбивањето на членството во ЕЕА за партијата е еднакво на антидржавен чин. Дали и согласноста на Мицкоски е антидржавна не се појаснува, но од партијата го игнорираат сопствениот лидер и сомневајќи се во неговата компетентност, порачуваат „Стево Пендаровски и Зоран Заев не се монарси, на кои народот им го предал правото безусловно да владеат и Македонија не е нивна своина, ниту Пендаровски, ниту Заев не смеат да донесуваат стратешки одлуки без да го прашаат народот. Кого прашал Пендаровски кога ја одбил понудата Македонија да стане членка на Европската економска зона?“.

Дека Мицкоски не е човек кој може да ги застапува интересите на граѓаните смета и Антонио Милошоски кој важи за исклучително близок со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ. Тој го критикува Пендаровски за одбивањето на понудата и смета дека Мицкоски можеби и не е најсоодветниот човек со кого што би требал да дискутира за вакви прашања. Според Милошоски, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е покомпетентна од Мицкоски. „Тој е Претседател, но не е монарх за да може сам, без консултации со Владата и Собранието, без консултации со стопанските комори, да одлучи за надворешно-политичките и економски перспективи кои и се нудат на државата, смета Милошоски.

Илија Димовски,кој како и Милошоски не го поддржа изборот на Мицкоски на конгресот во Валандово, исто така има спротивен став од ставот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со Пендаровски. Ниту Димовски не го интересира тоа што Пендаровски свикал лидерска средба на која што разговарал со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести