Носењето заштитна маска е задолжително во сите затворени простори и на места каде што физичкото растојание не може да се одржи.
Но, треба да знаете дека постои голема разлика помеѓу носење каква било маска и носење маска која е безбедна и ефикасна.
Постојат неколку знаци кои покажуваат дека заштитната маска треба веднаш да се замени или измие. Маската се шири или има видливи искинати дупки. Маските се ефикасна заштита од инфекција, но само доколку се недопрени.
„Ако маската има видливи дупки или некој дел од маската се шири, таа повеќе не е употреблива и ја губи заштитната функција“, вели педијатарот Кара Натерсон.
„Целта на маската е да обезбеди физичка бариера за да спречи влегување на вирусот или, доколку сте заразени, да не го пренесувате Ковид-19 на други лица“, додаде Натерсон, додавајќи дека дупките на маската секако овозможуваат проток на вирусот.

Ако сте допреле потенцијално контаминирана површина, како што се корпи или колички во продавниците, и рачки на вратите, а потоа сте допреле кој било дел од маската освен врвките, тогаш маската не користи.
„Колку почесто излегувате или поминувате повеќе време во толпа луѓе, толку почесто треба да ја миете маската ако користите платнена или само да ја фрлите во ѓубре веднаш штом ќе се вратите дома“, објасни Натерсон.
Вие се грижевте за заразено лице
Ако член на вашето домаќинство или друга личност за кој се грижите се сомнева дека е заразена со вирусот, време е да ја измиете маската или да ја фрлите ако користите за еднократна употреба.
Според Центарот за контрола и превенција на болести, маските треба да се мијат на највисока можна температура, а потоа да се исушат целосно пред употреба.
