Драган Ј. Вучиќевиќ бил пресретнат на 50 метри од зградата на телевизијата Информер од страна на полициски службеници кои не биле униформирани.
Засега, сè уште не е познато кој го уапсил Драган Ј. Вучиќевиќ бидејќи автомобилот, велат од редакцијата, не бил обележан.
Како што дознава Информер, тој бил однесен во полициската станица Вождовац.
Сопственикот на телевизијата денеска е уапсен по наредба на Второто основно јавно обвинителство во Белград.
Како што јавија српските медиуми, Вучиќевиќ е уапсен поради предизвикување паника и нереди подолг временски период и попречување на правдата.
