22.8 C
Skopje
петок, ноември 20, 2026

Временска прогноза

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни со наврнати над 20 литри на квадратен метар, особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести