20.8 C
Skopje
четврток, ноември 19, 2026

По 400 години работа се затвора германската пиварница „Волтерс“

Германската пиварница „Волтерс“ се затвора по четири века работа поради намалена продажба на пивото.

– Околу 90 вработени се известени за затворањето на производствениот погон во Брауншвајг, изјави вчера адвокатката на „Екерт“, одговорна за стечајната постапка на фабриката.

Од друга страна пак, градоначалникот на Брауншвајг, Торстен Корнблум, затворањето го опиша како исклучително болно.

„Поради пад на продажбата на пивото и неуспешните обиди да се најде инвеститор, се поднесува барање за стечај на „Волтерс“, се наведува во соопштението.

Според податоците од Сојузниот завод за статистика објавени во февруари, минатата година германскиот пазар за пиво имал најголем пад досега, од 1990 година. По ова, синдикатот НГГ го критикуваше краткиот период меѓу отворањето на стечајната постапка и донесувањето на одлуката за затворање на фабриката.

„Однадвор, овој процес помалку наликува на уредно преструктурирање, а повеќе на итно сопирање“, соопштија од синдикатот.

Истовремено од адвокатската канцеларија „Екерт“ наведуваат дека напорите за зачувување на брендот продолжуваат преку разговори со заинтересирани страни. Жалење изрази и директорот Нилс Хандке поради, како што кажа, неизбежниот чекор.

– Со затворањето на производствениот погон во Брауншвајг завршува една ера, рече тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести