21.8 C
Skopje
четврток, ноември 19, 2026

Индустриската активност во еврозоната на највисоко ниво во последните четири години

Индустриската активност во еврозоната порасна со најбрзо темпо за повеќе од четири години во август, при што новите нарачки пораснаа со најсилно темпо од почетокот на 2022 година, покажа денеска конечниот индекс на менаџери за набавки (Eurozone Manufacturing Purchasing Managers’ Index PMI) на S&P global.

Вредноста на PMI за производство во еврозоната се зголеми од 51,9 во јули на 52,7 поени, што е највисоко ниво од мај 2022 година.

Вредност над 50 поени укажува на зголемување на активноста, односно експанзија, а вредност под 50 поени укажува на пад, односно контракција на економската активност.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести