Министрите за одбрана на земјите-членки на Европска Унија денеска во Виклоу, јужно од ирскиот главен град Даблин, ќе разговараат за поддршката на ЕУ за Украина и за ситуацијата на Блиски Исток.
Предвидено е разговорите да бидат насочени на спроведувањето на европскиот заем од 90 милијарди евра за Киев и понатамошна поддршка за украинските вооружени сили, како и на поблиска соработка помеѓу одбранбените индустрии на Украина и ЕУ.
Министрите ќе разговараат и за растечкото значење на вселената во модерната одбрана и за ситуацијата на Блискиот Исток, со фокус на Либан и поморската безбедност.
Министрите за надворешни работи на ЕУ треба денеска да пристигнат во Виклоу. И нивната средба ќе биде фокусирана на понатамошната поддршка за Украина, за замрзнатите руски средства и за нови против Москва поради нејзината војна во Украина.
Шефовите на дипломатијата најверојатно ќе се фокусираат на пошироката ситуација на Блиски Исток и хуманитарната криза.
