7.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Пожарот во велешко проширен кон патот Велес-Штип

По дејството на противпожарните авиони „Ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите на ТППЕ Велес, месно население од с.Чалошево, а и екипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“ врз пожарот во месноста „Дорутовец“ во велешко, опасноста е намалена, но пожарот е проширен во правец на патот Велес – Штип.

-Заради чадот што ветрот го носи кон автопатот, од Главниот штаб за управување со кризи е побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот согласно потреби. Состојбата се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен, информираат од ДЗС.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести