14.8 C
Skopje
петок, ноември 20, 2026

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај дизелот за 7,442%, кај екстра лесното масло за 8,051%  и кај мазутот зголемувањето е за 8,159%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0397%.

Од 28.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 95                             93,00  (денари/литар)

Моторен бензин               ЕУРОСУПЕР БС – 98                             95,00  (денари/литар)

Дизел гориво                 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                        98,50  (денари/литар)

Масло за горење             Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                         98,00  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                          48,099 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,726 ден/кг. и сега ќе изнесува 48,099 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.7.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопшти РКЕ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести