1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

СРАМОТА: ВО СКОПЈЕ НАПАДНАТО ВОЗИЛО НА БРЗА ПОМОШ

Доцна синоќа во 23: 45 часот во СВР Скопје било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била на интервенција на  ул.“Стокхолмска“ бидејќи имале повик дека на Т.А. и се влошила здравствената состојба, каде биле пречекани од В.А.(54) од Скопје, Д.А.(49) од Скопје и уште три други лица.

Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат,  лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат, и да удираат по комбето. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести