2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Трамп наредил да му се подготви план за инвазија на Гренланд! Генерали се спротиставуваат

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени претставници се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори.

Изворите велат дека политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро што сакаат брзо да дејствуваат за да го освојат Гренланд пред Русија или Кина да преземат потези во врска со арктичкиот остров.
Според изворите, Трамп побарал од Заедничката команда за специјални операции (JSOC) да подготви план за инвазија на Гренланд, но командантите се спротивставуваат на тоа, тврдејќи дека тоа би било нелегално и дека Конгресот нема да поддржи таков план.

„Тие се обидоа да го разубедат Трамп зборувајќи за помалку контроверзни мерки, како што се пресретнување на руски бродови од „сенката флота“ - тајна мрежа од стотици бродови управувани од Москва за да ги избегнат западните санкции - или започнување напад врз Иран.“ Дипломатски извор ја сумирал ситуацијата со зборовите: „Генералите мислат дека планот на Трамп за Гренланд е луд и нелегален. Затоа се обидуваат да го одвлечат вниманието со други големи воени операции. Велат дека е како да се работи со петгодишно дете.“

Британските дипломати веруваат дека Трамп е мотивиран и од желбата да го одвлече вниманието на американските гласачи од перформансите на американската економија пред среднорочните избори подоцна оваа година, по што би можел да ја изгуби контролата врз Конгресот од демократите.

Но, таков драматичен потег би го довел Трамп во конфликт со британскиот премиер Кир Стармер и ефикасно би довел до колапс на НАТО, според „Мејл“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести