Братот на принцезата Дајана, Чарлс Спенсер, сподели ретка фотографија од нивното детство.
Сликата е создадена во 1967 година, а на неа се прикажани Спенсер и принцезата Дијана, како стојат еден покрај друг. Иако тој не потенцираше каде е направена фотографијата, нивната поврзаност уште од рана возраст ја гледаме на сликата. Облечена во розов фустан и розови рамни чевли, Дијана го прегрнува својот брат, кој е облечен во сини шорцеви и маица.
Спенсер не сакаше да даде никаков сентиментален опис на сликата, но оваа фотографија ги воодушеви следбениците и собра илјадници лајкови.
— Charles Spencer (@cspencer1508) November 7, 2020
– Принцезата Дијана изгледа како грижлива постара сестра. Секогаш сакана и никогаш не заборавена – се наведува во коментарите. Други, пак, му се заблагодарија на Спенсер што сподели фотографија со нив што го одбележа нивното детство.
