2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Бодел кого стигне. Полуден Јапонец повредил 15 луѓе

Најмалку 15 лица се повредени, од кои пет потешко, во напад со нож и белило во фабрика за гуми во централна Јапонија, соопштија официјални лица.

Полицијата соопшти дека маж осомничен за нападот е уапсен откако избодел осум лица, од кои пет потешко, и повредил седум други откако ги испрскал со белило во фабриката за гуми.

Мотивот за нападот не е веднаш јасен, објави АП. Осум лица се однесени во болница откако 38-годишен маж ги избодел со нож во фабриката за гуми, а седум други биле испрскани со белило.

Нападот се случил во фабриката за гумени производи Јокохама во градот Мишима, префектурата Шизуока. Напаѓачот носел маска за време на нападот. Инцидентот се случил во станбена зона во близина на влезот на фабриката и железничката станица.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести