2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Поголем дел од Скопје утре без вода

Утре, 30 ноември (недела), делови од Скопје ќе останат без вода или со намален притисок, поради два одделни зафати на водоводната мрежа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

На подрачјето на општина Бутел, поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б., кај сервис „Топал“, од 11:00 часот па сè до отстранување на дефектот, без вода ќе бидат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, како и корисниците на ул. Бутелска – од крак 1 до крак 35 и од крак 2 до крак 14.

Во исто време, голем прекин ќе има и во општина Гази Баба. Поради технички зафат на бул. Александар Македонски б.б., во периодот од 05:00 часот до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците на бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, жителите од населбата Методија Андонов – Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците на ул. 808 и бул. Киро Глигоров.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести