1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Зеленски бара достоинствено решение после претставувањето на американскиот мировен план

Претседателот на Украина Володимир Зеленски, на неговиот профил на Фејсбук напиша дека имал многу сериозен разговор со американските претставници кои му ги презентирале нивните предлози за завршување на војната.

„Од првите денови на војната ние сме на многу чиста позиција: на Украина и треба мир. Вистински мир, кој нема да биде прекршен со уште една инвазија. Достоинствен мир под услови кои ја почитуваат нашата независност, нашиот суверенитет и честа на украинскиот народ. Токму ова се условите кои мора да ги обезбедиме. Јас ги подвлеков нашите клучни принципи. Ние се согласивме дека нашите принципи ќе се вклопат во овие предлози“, напиша Зеленски.

После средбата тој потенцираше дека нема да има остри изјави и се договоривме за чиста и чесна соработка. Украина, САД и нашите партнери ширум Европа и светот.

Зеленски повтори дека деновиве имал бројни разговори со европските лидери и им се заблагодари на соработката.

„Очекувам да зборувам со Претседателот Трамп во деновите што претстојат. Целосно сме свесни дека американската сила и американската поддршка може да не доближат до мир и не сакаме да го изгубиме тоа. Исто така сме свесни дека Русија нема вистинска желба за мир, инаку немаше да ја започнат војната. Има многу проценки дека изминатава година Русија се обидува само едно нешто, да ги одложува санкциите и да купува време за нивната војна. САД имаат моќ да осигураат дека руската волја за завршување на војната е навистина сериозна.“ напиша Зеленски.

Украинскиот претседател се обврза дека стопроцентно ќе продолжи да работи во таа насока и дека целото свое време ќе го посвети на тоа.

„На Украина и е потребен мир и Украина ќе стори се за да се обезбеди дека никој во светот нема да може каже дека ние ја минираме дипломатијата. тоа е важно“, завршува Зеленски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести