4.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ВМРО-ДПМНЕ вечерва се прости од младиот Филип, нека е вечна светлината во која замина

Тешко е да се најдат вистинските зборови да се простиш засекогаш кога ќе си замине млад човек што само со своето тивко присуство, посветеност и работна етика придонесе толку многу за организацијата, ја соопштија од ВМРО – ДПМНЕ тажната вест вечерва.

– Денес се простуваме од наш сопартиец, пријател и човек кој беше пример за добрина, чесност и посветеност. Филип ќе остане запаметен по неговата искреност, неговата насмевка и начинот на кој секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен.

Филип, ќе ни недостасуваш – како човек, како соработник, како пријател. Нека е вечна светлината во која замина, а споменот на тебе и твојот лик засекогаш ќе биде со нас. Почивај во мир.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести