Републичкиот Јавен Обвинител Љупчо Коцевски, потврди дека по налог на кочанското ЈО се спроведува истрага поврзана и со работењето на дискотеката Пулс во која се обезбедени поголем број лица главно од Кочани.
– Во текот на овие два дена се преземаат дејствија во коии се приведени десетина лица вработени во УЈП. Во моментов се вршат претреси на одредени локации, а според првичните сомненија станува збор за „злоупотреба на службени овластувања“ и „примање и давање поткуп“, изјави Коцевски за медиумите.
Според него надлежно е ОЈО Кочани кое треба да предложи мерки за обезбедување откако ќе земе изјави од приведените.
„Местото на извршување е Кочани и доколку излезе нешто ново понатаму предметот може да се пренесе и во ОЈО ГОКК, но засега случајот го води кочанското обвинителство. Овој предмет не може да се спои со досегашниот затоа што штетната последица не е последицата смрт. Ова се кривични дела за злоупотреба и давање и примање поткуп што нема врска со предметот што е во тек во моментов“ потенцираше Коцевски.
