1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ВРХОВНИОТ СУД НАРЕДИ: Во Пенсилванија да се одвојат гласачките ливчиња кои стигнале покасно

Врховниот суд во САД нареди да се одвојат гласачките ливчиња пристигнати по гласањето во Пенсилванија

Се чини дека расплетот по изборите во САД е далеку од својот крај.
Иако се чинеше дека е се поизвесна победата на Бајден, доцна вечерва Врховниот Суд во Америка ја прифати иницијативата на Републиканската партија и донесе наредба со која се наложува на изборната комисија во Пенсилванија да ги оддели сите гласачки ливчиња пристигнати по пошта, подоцна од 20ч, 03. 11.2020.

” Сите гласачки ливчиња пристигнати преку пошта после 20 часот на 03. 11 2020, да се одвојат во посебни, сигурни и запечатени кутии одвоени од другите ливчиња”, се вели во одлуката на Врховниот Суд.

Оваа одлука дополнително ги потврдува сомнежите за евентуални нерегуларности на изборите за кои обвини Претседателот Трамп.

Веста која одекна како бомба прв ја објави Грег Стор, специјален известувач од Врховниот Суд за Блумберг.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести