1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Малолетник повреден при пукање со пиштол на семејна веселба

Полициски службеници од ОВР Кичево ноќеска околу 02:30 часот ги лишија од слобода Ф.Ф.(36) и Ч.Ф.(52), двајцата од кичевското село Трапчин Дол.

-При семејна веселба во дворот од семејната куќа, Ф.Ф. од пиштол испукал неколку куршуми, кои по одбивање од подот, повредиле 16 – годишно момче од селото Стрелци, кое било пренесено во Општа болница во Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршиле полициски екипи и по целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести