2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Приведен возач во Тетово, управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час

На 18.05.2025 во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56) од с.Голема Речица, тетовско. На бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово тој управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.
По целосно документирање на случајот  против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести