4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

„Гугл Мапс“ го менува името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американски Залив“ за корисниците во САД

„Гугл мапс“ ќе го смени името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американски Залив“ за корисниците во Соединетите Американски Држави, откако ќе биде официјално ажуриран во Географскиот систем на САД.

Оваа промена ќе биде видлива за корисниците во САД, додека во Мексико ќе остане „Мексикански Залив“.

Вон САД и Мексико, корисниците ќе ги видат двете имиња.

Американското Министерство за внатрешни работи во петокот соопшти дека официјално го сменило името на „Мексиканскиот залив“ во „Американски Залив“.

Гугл Мапс, која е во сопственост на Алфабет, ќе го смени и името на највисокиот врв на Алјаска од Денали во Маунт Меклинли.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести