8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Зеленски му наложил на украинското МНР да воспостави контакти со новата влада во Сирија

краинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно редовно видео обраќање до нацијата изјави дека му наложил на Министерството за надворешни работи на Украина да воспостави контакти со новата влада во Сирија.

-Му наложив на нашето Министерство за надворешни работи да работи поактивно на воспоставување на сите потребни контакти со претставниците на народот на Сирија и да ги исправи грешките на Асад во однос на Украина и цела Европа, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина ќе ја поддржи сириската програма за храна.

-Ова е нашата морална предност – Украина им помага на многу земји да обезбедат нормалност на нивните животи, особено во однос на безбедноста на храната. Ни треба овој регион, како и секој друг регион во светот, да биде стабилен и мирен, посочи Зеленски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести